Официјален профил на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија / Official Profile of the Ministry of Defence of the Republic of North Macedonia
📌Министерот Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка(CEDC)и Западен Балкан.
🗨️Мисајловски:Оваа иницијатива е значајна за зајакнување на одбранбените капацитети,продлабочување на регионалната соработка и заедничко справување со безбедносните предизвици.
📌МО Владо Мисајловски на состанокот на земјите членки на Балканските медицински наменски сили (БМНС) во Брдо, Словенија.
На состанокот разговори за понатамошниот развој, поголема видливост како и за преземање на нови одговорности на оваа регионална иницијатива.
📌Министерот за одбрана, Владо Мисајловски оствари проштална средба со амб. на Обединетото Кралство, Метју Лосон, на која присуствуваше и одбранбеното аташе, п.полк. Денис МкМахон.
🇲🇰🤝🇬🇧
Заменикот министер Адмир Шабани на средба со делегација од американскиот Конгрес и Атлантскиот совет.
🇲🇰 останува силно посветена на трансатлантската врска, модернизацијата на Армијата и јакнењето на колективната одбрана и безбедност.
🇲🇰🤝🇺🇸 #WeAreNATO
📌 Средба на МО Владо Мисајловски со советникот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД, Бредли Гарднер, ОА на САД, потполковник Ендрју К. Шили и со политичко-воениот офицер Кристијан Доршнер.
На средбата разговори за актуелните прашања во одбраната.
🇲🇰🤝🇺🇸
📌Средба на министерот Владо Мисајловски со новото одбранбено аташе на САД,потполковник Андру Шели.
Мисајловски: „Нашата заедничка цел е соработката која несомнено претставува пример за тоа како две сојузнички земји работат и се развиваат заедно, да продолжи и во иднина.“
🇲🇰🤝🇺🇸
Министерот Владо Мисајловски заедно со државно-воениот врв на централната свеченост за одбележување на 18. Август – Денот на македонската Армија!🇲🇰
💭Армијата е нашиот столб на стабилност, доверлив партнер на институциите и сила која секогаш е во служба на народот и татковината!
Министерот Владо Мисајловски во пресрет на 18. Август – Денот на @ARM_mil_mk🇲🇰, денеска традиционално со припадниците на Армијата и вработените во одбраната.
💭Благодарност до сите, за вашата непоколебливост, посветеност и професионалност!
📌Промовирани 53 офицери на Воената академија –нова енергија и инвестиција во иднината на Армијата и безбедноста на државата.
Во прв чин-потпоручник промовирани се 37 питомци, 30 за потребите на 🇲🇰 Армија, 2 од 🇲🇪 и 5 од 🇧🇦, и во чин - поручник 16 слушатели од Курсот за офицери.
📌МО Мисајловски и командантот на 1. пбр. генерал Чиплаковски во посета на штипската касарна и увид на реновиран објект, кој е дел од инфраструктурните проекти што се реализираат во касарните.
👉Инвестицијата е потврда дека грижата за секој припадник на🇲🇰Армија е врвен приоритет.
📌Средба на МО Владо Мисајловски со 🇷🇴амб. Адела Моника Аксинте, новоименуваното и досегашното ОА, потполк. Александра Барбулеску и полк. Арчип Каталин Петре.
Добредојде и успешен мандат на потполк. Барбулеску и благодарност за досегашниот ангажман на полк. Каталин Петре.
🇲🇰🤝🇷🇴
📌MО Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, генералот Чиплаковски, во посета на припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, каде извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во оваа касарна.
📌Министерот Владо Мисајловски на проштална средба со 🇹🇷 амбасадор Фатих Улусој, и одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз.
Благодарност за нивната професионалност, посветеност и значаен личен придонес во унапредување на стратешкото партнерство и 🇲🇰🇹🇷пријателство.
🇲🇰🤝🇹🇷
📌Министерот Владо Мисајловски,денеска изврши увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“Велес.
„Нашите припадници заслужуваат современи услови за работа и обука“.
📌МО Владо Мисајловски оствари средба со началникот на ГШ на 🇩🇪 вооружени сили,ген. Карстен Бројер.
„Германија е наш докажан пријател и сојузник и во моментов работиме на заеднички проекти кои се од особено значење за Армијата и за зајакнување на одбранбените способности“
🇲🇰🤝🇩🇪
МО Мисајловски денеска во касарната „Боро Менков“ се обрати на свеченоста по повод затворањето на Командата на SEEBRIG која 6год. беше позиционирана во Куманово🇲🇰
💭 Уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да придонесе за регионалниот мир.
📌 МО Владо Мисајловски во армиската касарна во Ќојлија, изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна, проект вреден 10,7 милиони денари.
Мисајловски со порака дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура.
Активностите на МО Мисајловски на #NATOSummit продолжија со прием организиран од 🇹🇷МНО Јашар Ѓулер и со состанок на Северноатлантскиот совет, заедно со партнерите од Индо-Пацификот.
Единството, соработката и заедничката посветеност остануваат темел за зачувување на стабилноста.
МО Мисајловски денеска во 🇹🇷 во рамки на #NATOSummit учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија на кој присуствуваа и претставници од сојузничките и партнерските земји, како и претставници од одбранбената индустрија.
За време на НАТО Одбранбениот индустриски форум се одржа и церемонија на која МО Мисајловски со колеги од сојузничките земји потпиша заедничко писмо за намери за приклучување на 🇫🇷🇫🇮🇸🇪 кон Мултинационалната соработка во рамки на иницијативата НАТО обука за летање во Европа